Контакт центар за влезни и излезни јавувања

Обезбедуваме професионална комуникација со вашите клиенти.

За нас

Во современи услови на работење потребно е да обезбедите континуиран контакт со вашите постојни и идни клиенти.

Контакт центарот на Р3 Инфомедиа работи влезни и излезни јавувања, и ако е потребно, изработуваме технички решенија за унапредување на вашите работните процеси и подобрување на вашите перформанси.

Даватели сме на универзалната услуга Информации 1188, и работиме за бројни компании од Македонија од телекомуникацискиот сектор, финансиски сектор, автомобилска индустрија и бела техника.

Контакт центарот на Р3 Инфомедиа функционира од 2011 год., на две физички одвоени локации, со што се овозможува редудантност и непрекинатост во сервисирањето на повиците.

Други активности и брендови на Р3 Инфомедиа се Златна книга www.zk.mk , www.marketkonekt.com и www.inone.mk .

Сите наши услуги се достапни 24/7 – 365 дена во годината.

Нашиот тим располага со повеќе од 20 телефонски оператори со долгогодишно искуство во сервисирање на влезни (inbound) и излезни (outbound) повици.

Користиме специјализиран софтвер за комплетна статистика за сите јавувања, кој што овозможува извештаи на дневно / неделно / месечно ниво.

Капацитетот на влезни повици е повеќе од 800.000 одговорени јавувања на годишно ниво.

ИСО стандарди и системи:

ИСО 9001 - Систем за менаџмент со квалитет

ИСО 27001 – Систем за управување со безбедност на информации

Влезни (Inbound) Повици

Корисничка поддршка

Нашите оператори им ги обезбедуваат на корисниците посакуваните информации и на тој начин ја доближуваат вашата понуда до нив.

Техничка поддршка

Многу технички проблеми можат да се решат по телефон. Обезбедуваме техничка поддршка за вашите сервиси.

Help Desk

Достапни сме 24/7, секој ден од годината. Со нас можете да овозможите помош на вашите корисници во реално време.

Наши клиенти

Видео Дата

Видео Дата – Грижа за корисници (Пријава и сервис на бела техника од повеќе брендови)

Македонски Телеком

Партнерство со Македонски Телеком, по принципот на оutsource. Нашиот контакт центар ја сервисира службата 188 - Информации за претплатници на Македонски Телеком, со дефиниран SLA (Service-level agreement)
  • Корисничка поддршка за Македонски Телеком
  • Техничка поддршка за Македонски Телеком

1188

Универзален давател на услугата за обезбедување на телефонска служба за информации за претплатниците во Македонија, која се добива на скратениот број 1188, со дефиниран SLA (Service-level agreement) и лиценца доделена од страна на Агенцијата за електронски комуникации

Излезни (outbound) повици

Анкетирање (задоволство на корисници од услугите)

По купувањето, контактираме со вашите клиенти и прави анкета дали се задоволни со производот или услугата и дали им е потребна дополнителна помош - на пр. за монтажа, упатство за употреба и слично.

Telesales (lead generation кампањи) и Telemarketing

Telesales e продажба на производи или услуги преку телефон. Telemarketing e директен маркетинг на производи или услуги на потенцијални клиенти преку телефон.

Наплата – потсетување за заостанат долг

Телефонско известување на вашите должници за задоцнети плаќања. Овој начин на известување често е поефективен заради личниот пристап.

Наши клиенти

Тојота Авто Центар

Проверка на дата базата на постоечки клиенти и обезбедување на имеил адреси

Телефонско анкетирање на корисниците на услугите - задоволство од добиените услуги (after service корисничко искуство)

Директен маркетинг & Lead generation

Динерс клуб Македонија

Телефонска продажба на Динерс клуб кредитни картички и зголемување на продажното портфолио

Македонски Телеком

Soft наплата на заостанат долг

Хоризонти Микрокредитирање

Организирање и закажување на продажни состаноци

Winner Vienna Insurance Group

Проверка и update на податоци за постоечки и потенцијални клиенти

Бази на податоци

Продажба или изнајмување на бази на податоци за фирми во Македонија

За организирање на B2B Telesales кампањи.
Базите се сегментирани по дејност или територија.

Проверка на база на клиенти

Сите бази застаруваат. Најверојатно и базата на вашите клиенти треба да се освежи за да можете да реализирате upsale и cross sale кампањи. Нови производи и услуги најдобро се продаваат кај постоечки клинети.

Наши клиенти

Македонски Телеком

TomTom

HERE

КЛИЕНТИ И ПРЕПОРАКИ

Весна Терзиевска

Директор на продажба во Diners Club

Со Телепродажниот тим од контакт центарот на Р3 Инфомедиа имаме континуирана соработка за реализација на нашите продажни кампањи. Резултатите од зголемувањето на продажбата кај Динерс Клуб кредитните картички ги надминаа нашите очекувања.

Кои се придобивките за твојот бизнис од користење на професионален контакт центар?

  • Подобра корисничка услуга за вашите клиенти:

    Преку користење на контакт центарот на бизнисите им овозможуваме да обезбедат брза и ефикасна услуга. На овој начин се подобрува корисничкото задоволство и лојалноста на клиентите.

  • Контакт центарот овозможува бизнисите поефикасно да управуваат со обемот на повици и да обезбедат подобра поддршка за клиентите.

  • Со аутсорсинг на Вашите бизнис процеси преку користење на контакт центар услуги, заштедувате на режиските трошоци како што се канцелариски простор, опрема, менаџмент и дополнителна работна сила.

  • Услугите на контакт центарот може да се користат и како алатка за продажба и маркетинг. Со редовно вработени, искусни и обучени професионалци ја зголемувате сопствената продажба на производи и услуги.

  • Можност лесно да ги сетирате вашите активности во зависност од деловните потреби и да оптимизирате превработеност или недоволно персонал за време на периоди на висок или низок обем на повици. Оваа флексибилност овозможува Вашиот бизнис подобро да управува со флуктуациите на обемот на повици и побарувачката на клиентите.

  • Користењето на специјализирана технологија и софтвер за статистика обезбедува вредни податоци и сознанија кои можат да се користат за подобрување на услугите, оптимизирање на процесите и идентификување на трендови за потребите на вашите клиенти.

  • Аутсорсингот на контакт центар услугите овозможува вашиот бизнис да го фокусирате на основните деловни активности. На овој начин се подобрува ефикасноста и продуктивноста, притоа пренесувајќи дел од бизнис процесот на експерти во областа.

Контакт Информации

Адреса и локација

ул.Даме Груев 16
ДТЦ Палома Бјанка, 5ти кат
Скопје

Телефонски броеви

+389 71 33 22 11
+389 71 38 21 88


Loading
Your message has been sent. Thank you!