НОВОСТИ

Кој тип на контакт центар услуги е вистинскиот за вашата компанија?

Контакт центар услугите може да имаат огромно влијание врз задоволството на вашите клиенти и да претставуваат значителен фактор за успехот на вашата компанија.

Одличната услуга за клиентите, дополнително ја поттикнува продажбата, ја подобрува вредноста и ја зголемува репутацијата на брендот. Лошата услуга може да го направи токму спротивното - да изгуби клиенти, да му наштети на брендот и да наштети на продажбата. Тоа е причината зошто аутсорсинг на контакт центар услугите може да бидат една од најважните деловни стратегии за успешните брендови.

Што е аутсорсинг на контакт центар услуги?

Тоа е компанија која управува во комуникацијата со клиентите, или потенцијалните клиенти во ваше име и во име на вашиот бизнис.  Во дигиталната ера,  повеќето контакт центри  не се справуваат само со повици, туку управуваат со целокупното корисничко искуство на клиентите, телепродажба, генерирање на потенцијални клиенти, телемаркетинг и многу повеќе. Ваквиот концепт најчесто чини помалку од ангажирање на in-house услуги, а од друга страна, се  обезбедува поголемо ниво на експертиза.

Контакт центар услугите им помагаат на компаниите во речиси секоја индустрија, од малопродажба и е-трговија до oсигурителен бизнис, логистика, автомобилска индустрија, финансиски сектор и многу повеќе. Повеќето контакт центри - нудат широк опсег на услуги на своите клиенти. Но, за едноставност, ќе ги поделиме во посебни категории. Еве дел од најпопуларните типови:

Влезни контакт центар услуги:

Влезните (inbound) повици подразбираат примање и обработка на  сите повици кои доаѓаат во насока за услуги на клиентите на вашата компанија - или какви било повици што ќе одберете да ги насочите за обработка.

Контакт центрите за дојдовни повици нудат корисничка поддршка како на пр. кога клиентите се јавуваат со проблеми за производот или услугата, при што контакт центарот располага со агенти подготвени да одговорат и да ги решат тие проблеми..

Примање нарачки и купувања: Влезните контакт центри за повици можат да обработуваат нарачки од клиенти кои се јавуваат или имаат проблем со нарачките преку интернет.

Пренесување на повиците: Агентите за влезните центри за повици се обучени за тоа како најдобро да ги префрлат или ескалираат барањата на клиентите доколку треба да одат до одредени контакти или тимови за поддршка. Целта е секој клиент да зборува со одговорно лице за да го реши својот проблем.

Влезните контакт центар услуги, исто така, обезбедуваат одлична можност за градење лојалност на брендот, вкрстена продажба, зголемување на продажбата и поттикнување на продажбата. Тие се клучни за задоволството и растот на вашите клиенти.

Излезни контакт центар услуги

Контакт центрар услугите за излезни (outbound) повици обезбедуваат телефонски агенти, со цел да контактираат со клиентите во ваше име. Тие помагаат да се поттикнат продажните потенцијали и да се прошири вашиот бизнис.

Услугите во овој тип на контакт центар може да вклучуваат:

Генерирање на потенцијални клиенти:  Агентите ги таргетираат потенцијалните клиенти за вашите производи или услуги.

Телемаркетинг: Услугите за телемаркетинг може да вклучуваат комуникација како B2B контакти,  закажување состаноци, управување со базата на податоци и многу повеќе.

Дополнителна продажба и вкрстена продажба: Вкрстената продажба може да ја подобри вашата продажба за дури 40%.

Анкети и повратни информации од клиентите:  Анкети за истражување на пазарот, анкети за задоволството на клиентите и многу повеќе. Обучени агенти ја следат аналитиката и резултатите за да испорачаат јасни цели за вашите продажни стратегии.

Овие излезни канали помагаат да се постигне подобар раст и задоволство на клиентите, по многу пониска цена отколку да управувате со нив од вашиот внатрешен тим.

Кој тип на контакт центар услуги е вистинскиот за вашата компанија?

Изборот на соодветен  тип на центар за повици зависи од вашите деловни потреби и цели. Но, најдобриот начин да се избере контакт центар е да се најде оној кој може да понуди некоја од горенаведените услуги - или да ви даде приспособен пакет заснован на вашите потреби.

На нашите клиенти во Р3 Инфомедиа им нудиме избор од кој било тип на решение за контакт центар услуги каде што клиентот може да ги приспособи услугите според сопствените потреби.

Споделете на вашите социјални медиуми:

Контакт Информации

Адреса и локација

ул.Наум Наумовски-Борче
бр.50-2/17
Скопје

Телефонски броеви

+389 71 33 22 11
+389 71 38 21 88


Loading
Your message has been sent. Thank you!
Направено од InOne.mk