НОВОСТИ

Зошто да користам контакт центар за влезни (inbound) повици?

Услугата на контакт центар за влезни повици e справување со дојдовни телефонски повици од вашите сегашни или потенцијални клиенти/корисници. Тој е опремен со технологија за примање и дистрибуција на дојдовни повици до соодветните агенти кои ги одговараат повиците во име на вашата компанија.

Најчестите услуги во контакт центар за влезни повици се:


• Корисничка поддршка - одговарање на прашања на клиентите за производите/услугите на вашата компанија, како и справување со барања и поплаки.
• Повици од постојни или потенцијални клиенти кои што се заинтересирани да купат одреден производ или услуга.
• Техничка поддршка на клиентите – решавање на технички проблем за одреден производ или услуга.
• Наплата и управување со сметки. Ова се повици од клиенти кои имаат прашања во врска со плаќање на сметки, фактури, опции за плаќање и сл.
• Закажување состаноци, термини за услуги, обработка на резервации и сл.


Кои се придобивките за вашиот бизнис доколку користите контакт центар за влезни повици:

Заштеда на трошоци:

Користење на професионален контакт центар услуги за дојдовни повици ќе ви заштеди бројни ресурси - плати, канцелариски простор, инвестиција во опрема или софтвер за телефонска централа. Со аутсорсинг, вие плаќате само за услугите што ви се потребни и тоа во моментот кога ви се потребни. Лесно можете да го зголемите или намалите обемот, како што се менуваат вашите деловни потреби.


Експертиза и искуство:

Преку соработка со професионален контакт центар вашата компанија има пристап до искусни професионалци кои се обучени да се справат со различни прашања и зголемен обем на повици. Телефонските оператори имаат експертиза за ефикасно и ефективно справување со повиците, подобрувајќи го задоволството на клиентите.


Подобрување на корисничкото задоволство:

Влезните повици се користат и за обезбедување услуги за поддршка на клиентите како што се одговарање на прашања, техничка поддршка, закажување термини за услуги, решавање на поплаки и сл. Клиентите можат да се јават во контакт центарот во секое време 24/7 за да добијат помош за нивните прaшања, со што го подобрувате задоволството и лојалноста на вашите корисници.


Зголемување на продажбата:

Контакт центарот не само што може да го подобри корисничкото искуство, туку може и да ја зголеми продажбата на вашата фирма преку примање нарачки, нудење на дополнителни производи или услуги (cross sale) и сл.
Значајна предност е да имате на располагање телефонски оператори кои директно разговараат со клиентите без разлика дали се обидувате да воведете нов производ или да промовирате постоечки.


Фокусирајте се на основните деловни активности:


Аутсорсинг на дел од вашите бизнис процеси ви овозможува да се фокусирате на основните деловни активности. На тој начин ја подобрувате ефикасноста и продуктивноста и можете порационално да ги распределите вашите ресурси и да ги подобрите вкупните деловни перформанси.


Извештаи и аналитика:

Користењето на технологија и софтвер за статистика обезбедува вредни податоци кои можат да се користат за подобрување на услугите, оптимизирање на процесите и идентификување на трендови за потребите на вашите клиенти.


Генерално, користење на контакт центар услуги од една страна ви овозможува подобра корисничка поддршка и генерирање на дополнителна продажба, а од друга страна ви ослободува време и други ресурси за да се фокусирате на вашиот примарен бизнис.

 

Споделете на вашите социјални медиуми:

Контакт Информации

Адреса и локација

ул.Наум Наумовски-Борче
бр.50-2/17
Скопје

Телефонски броеви

+389 71 33 22 11
+389 71 38 21 88


Loading
Your message has been sent. Thank you!
Направено од InOne.mk