НОВОСТИ

КОИ СЕ ОСНОВНИ ВИДОВИ НА ТЕЛЕПРОДАЖБА?

Inbound (Влезна) телепродажба

Inbound (Влезна) телепродажба се однесува на примање дојдовни телефонски повици од лидови кои се генерирани преку рекламирање на различни канали. Овој пристап обично го иницира потрошувачот за да направи нарачка за производ/услуга за кој е заинтересиран. На пример, вие како клиент наидовте на интересна реклама на Facebook и сакате да дознаете повеќе детали за понудата. Контактирате на бројот споменат во рекламата, при што добро обучен телепродажен агент ќе ви ги објасни деталите за производот или услугата и ќе се обиде да ја затвори продажбата.

Outbound (Излезна) телпродажба

Во outbound телепродажбата, агентите се тие што го иницираат телефонскиот повик до одговорните лица/потенцијалните клиенти. Овде, потенцијалните клиенти се директна цел со фокус да се запознаат со производот или услугата која се нуди. Пристапот бара од агентите да имаат добро знаење и обука за производот за да им го објаснат на лицата кои ги контактираат. Според статистички податоци околу 51% од бизнисите повеќе би сакале да слушнат понуда од продажни претставници преку телефон во споредба со е-пошта или лична посета.

B2B телeпродажба

B2B телепродажба подразбира искусен продажен агент кој се јавува на лидови - бизниси за да понуди производи или услуги на својата компанија. При јавувањето ги идентификува нивните потреби и нуди решение кое ги задоволува нивните специфични барања. Целта на B2B телепродажбата е да ги квалификува потенцијалните клиенти и на крајот да закаже состанок или веднаш да склучи договор со потенцијалните клиенти. Овој пристап често се користи во индустрии кои нудат банкарски, осигурителни, телекомуникациски и други деловни услуги, продажба на опрема до конкретни целни групи, каде што е потребен персонализиран пристап за затворање на зделката. Ние во Р3 Инфомедиа покрај реализирање на B2B телепродажни кампањи обезбедуваме и бази на податоци за фирми во Македонија сегментирани според територија или индустрија.

B2C телепродажба

Телемаркетингот B2C повеќе се фокусира на директно таргетирање на потенцијалните клиенти - физички лица кои покажале интерес за вашиот конкретен производ или услуга. Продажните агенти контактираат со потенцијалните клиенти со проактивен пристап. Во оваа стратегија за телемаркетинг, целта е да се промовира одреден производ или услуга, а воедно да се реализира продажба. Се’ повеќе бизниси ја аутсорсираат телепродажбата кај специјализирани контакт центри.

Постојат неколку причини за ова:

Јавувањата ги реализираат обучени агенти

Способноста да се комуницира преку телефон не ја прави телепродажбата успешна. Ангажирањето на обучени агенти за телепродажба од професионален контакт центар значи дека за вас работат професионалци кои можат да реализираат голем број на јавувања за кратко време, според точно утврдена скрипта и работни процедури.

Добивате бројни заштеди

Преку користење на контакт центар услуги штедите на канцелариски простор, опрема, менаџмент и дополнителна работна сила.

Се фокусирате на сопствените деловни активности

Аутсорсинг на продажбата ви овозможува да се фокусирате на вашите основни деловни активности. На овој начин ја подобрувате вашата ефикасност и продуктивноста, притоа пренесувајќи дел од бизнис процесот на експерти во областа.

Флексибилност

Можете да ги зголемувате или намалувате продажните активности без да вработувате нови луѓе или отпуштате свои вработени.

Споделете на вашите социјални медиуми:

Контакт Информации

Адреса и локација

ул.Наум Наумовски-Борче
бр.50-2/17
Скопје

Телефонски броеви

+389 71 33 22 11
+389 71 38 21 88


Loading
Your message has been sent. Thank you!
Направено од InOne.mk